Иако Барселона е лидер во Ла Лига со два бода повеќе од Реал Мадрид, но елиминацијата од Лигата на шампионите го вклучи алармот на „Камп Ноу“.
Чави Ернандез сака засилување за зимата, во одбраната и средниот ред, што треба да биде увертира за лето кое може да биде посебно.
Барса сака да се засили во средниот ред, а примарни цели и лесно достапни се Илкај Гундоган и Јури Тилеманс кои се во последната година од договорите. Додека се уште има надежи Германецот да потпише нов договор, Белгиецот е желен да го напушти Лестер и Чави не би имал ништо против да го доведе во ротација.
Така е и со Бенџамин Павар, кој е несреќен во Баерн, а исто така е во последната година од договорот, па е достапен за мала сума.
Сепак, Чави повеќе би сакал, ако е можно, да ги доведе Диого Дало од Манчестер Јунајтед или Хуан Фојт од Виљареал следното лето пред Павар, кои се уште се многу поскапи. Фојт има ослободителна клаузула од 40 милиони евра, а Дало е во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да го продолжи до 2024 година.
Главна тема сепак ќе биде дебатата – Лео Меси или Бернардо Силва. Сите во Каталонија сонуваат за „последниот танц“ на Меси, иако тој сепак е имагинарна именка. Меси на лето станува слободен доколку не потпише нов договор, додека Силва е скап.
Чави го посакуваше летово, Сити бараше премногу пари, што ќе биде случај и на лето. Она што е сигурно – Лео и Силва нема да дојдат, туку само еден, па ова ќе биде уште еден интересен избор.
Се на се, приоритет е десниот бек, замена за Бускетс како и засилување на „плејот“, меѓу Меси и Силва.
А 2023 година дефинитивно ќе биде бомбастична на „Камп Ноу“…