Во цели квалификации македонската фудбалска репрезентација прими само три голови, а вечерва доживеа вистинска катастрофа. На последниот меч од квалификациите за СП, кој го дочекавме без пораз, вистински дебакл во Кардиф. Велс славеше со 7:1 во натпревар кој беше директна пресметка за второто место во групата. Голот на Миовски во првиот дел кога намали на 2:1 за момент беше надеж дека нашиот национален тим лошо го започна мечот, но ако се изземе овој погодок, останатото беше еднакво на катастрофа. Безидејност во средината и нападот, спорост и дезориентираност во одбраната, каде фудбалерите на Велс имаа доста простор резултураше со три во првото и уште четири голови во второто полувреме во нашата мрежа.
Со една реченица ова е најлошиот натпревар на Македонија уште од оној пораз од 7:0 од Англија во квалификациите за ЕП во јуни 2023-та година. Ова е практично прв пораз на Македонија на официјален меч, што во Лигата на нации, што во квалификации за ЕП и СП уште од ноември 2023-та кога загубивме од Италија со 3:2 во квалификации за ЕП.
Остува шансата за СП, преку баражот обезбеден преку Лигата на нации, но по поразот од Велс жрепката ќе ја дочекаме од последниот четврти шешир, а со тоа ја загубивме можноста да добиеме условно речено полесен противник.
