ФУДБАЛ

Кавани договори се со Манчестер Јунајтед, утре ќе потпише договор!

Долго се чекаше информација за тоа каде поранешниот напаѓач на ПСЖ, Единсон Кавани ќе ја продолжи кариерата.

Сега сè е познато, а Кавани следните две сезони ќе ги мине во Манчестер Јунајтед.

Имено, тој денес имаше состанок со управата на овој клуб, и успеа да се договори за сè и ќе потпише двегодишен договор.

Утре Кавани ќе замине во Манчестер каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор и ќе биде претставен како нов играч на овој клуб.