ФУДБАЛ

Кавани го скрши мразот – денеска потпишува

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани избра – кариерата ја продолжува во Валенсија.

35-годишниот фудбалер по завршувањето на договорот со Манчестер Јунајтед е слободен играч и покрај најавите дека би можел да се пресели во Аргентина, преовлада неговата желба да остане во Европа.

 

Кавани  ги договорил деталите од двегодишниот договор со клубот и откако ќе ги помине лекарските прегледи ќе ја парафира соработката со Валенсија.

Интерес за искусниот напаѓач покажа и тренерот на Виљареал, Унаи Емери.

Уругваецот кариерата ја започна во Дунав, а во Европа е од 2007 година кога потпиша договор со Палермо. Подоцна играше за Наполи, ПСЖ и од 2020 година за Манчестер Јунајтед.

 

„Лилјаците“ освоија три бода во првите две кола од Примера, а вечерва од 22 часот го пречекуваат Атлетико Мадрид.