ФУДБАЛ

Кавани имаше порака до навивачите на Манчестер Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед во никој случај не можат да бидат задоволни од игрите на својот тим.

Манчестер е шести во лигата и славеше еднаш во последните пет натпревари.

Сепак, одличниот напаѓач Ендинсон Кавани им порачува на навивачите дека мора да имаат верба во тимот.

„Ќе направиме се за да напредуваме, па мојата порака до навивачите е да веруваат во тимот, тие играчи. Кога е така, можеме да им вратиме преку резултати, напорна работа и победи“, изјави Кавани.

За Манчестер, одличниот напаѓач постигна 18 гола на 47 натпревари.

„Верата е важна за човечките суштества. Многу работи што ги правиме бараат вера. Верба во семејството, пријателите, сопругата, девојката… Така е и во фудбалот, мора да му веруваш на соиграчот“.

За викендот Јунајтед му гостува на тимот на Ватфорд.