Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани (35) се уште е без клуб откако на крајот од минатата сезона ја прекина соработката со Манчестер Јунајтед.
35-годишниот напаѓач беше поврзуван со голем број клубови, но тој тврди дека се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Го ’фатија’ шпанските новинари на аеродромот во Мадрид. Тоа ги подгреа шпекулациите дека би можел да потпише за Виљареал или Валенсија, но искусниот напаѓач се бранеше велејќи дека се уште не знае ништо.
„Во моментов се уште не знам каде ќе играм. Во фудбалот секогаш сакаш да играш онаму каде што те сакаат и каде ти веруваат“, изјави Кавани.
🚨EXCLUSIVA @elchiringuitotv 🚨
💣CAVANI, en Madrid: "¿Villarreal o Valencia? No sé nada"
🙄"Hay que ir donde te quieran"
📹 @plazacasals @anagarcees pic.twitter.com/SQVd6vgtMN
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) August 21, 2022
Покрај градските ривали Виљареал и Валенсија, интерес за Кавани покажува и францускиот клуб Ница, а останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата овој одличен напаѓач.
Кавани зад себе има навистина богата кариера во која покрај за Манчестер Јунајтед настапуваше и за ПСЖ, Наполи, Палермо и Данубио.
Каде и да ја продолжи кариерата, сигурно ќе биде големо засилување. Иако има 35 години, Ел Матадор и понатаму е вистински велемајстор и има што да понуди.
Тоа го покажа во дресот на Манчестер Јунајтед. Во сивилото на црвените ѓаволи беше една од светлите точки и неговата борбеност ги купи навивачите на овој тим.
Кавани најубавите денови во кариерата ги имаше во ПСЖ каде на 301 одигран натпревар постигна 200 гола, додека во дресот на Наполи на 138 настапи постигна 104 гола.
За репрезентацијата на Уругвај Кавани одигра 133 натпревари и постигна 58 голови.