Искусниот напаѓач на ПСЖ, Единсон Кавани, најверојатно, ќе го засили тимот на Бока Јуниорс.
Репрезентативецот на Уругвај е при крај со договорот, оваа сезона договор со ПСЖ истекува и нашироко се шпекулира за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а Бока Јуниорс најверојатно ќе биде следната дестинација.
Кавани неодамна призна дека Бока е клубот што го сака и дека трансферот би можел да се реализира, а тоа го потврди спортскиот директор на клубот, Хорхе Бермудез, велејќи дека фудбалерот на ПСЖ дал јасни знаци.
„Договорот не само што сакаме, туку е и реален. Знам дека претседателот на клубот Хуан Рамон Рикелме е близу Кавани. Мислам дека може да се заврши многу наскоро, парите немаат значење. Кавани има силна желба да го носи дресот на Бока“, рече Бермудез.
За услугите на Кавани се бори и Дејвид Бекам, кој сака да го донесе во Интер Мајами, но се повеќе е сигурно дека 33-годишниот фудбалер ќе го слуша неговото срце и ќе го избере тимот на Бока.