Уругвајскиот фудбалер Единсон Кавани потпиша договор со Манчестер Јунајтед непосредно пред крајот на преодниот рок.
Кавани потпиша договор со Јунајтед за една година плус една година, а исто така го позајми и дресот со број седум, кој го носеа одлични играчи низ историјата на „црвените ѓаволи“.
Но, Кавани пред доаѓање во Јунајтед размислувал да ја заврши својата играчка кариера поради Ковид-19.
Имено, уругвајскиот напаѓач денес призна дека бил позитивен на корона и дека во тој момент размислувал за крај на кариерата.
“Тоа беше нешто што го задржав за себе и имав намера да го кажам сето тоа во одреден момент. Размислував за крајот на мојата кариера. Поминав многу денови во карантин, дури и подолго отколку што требаше. И мојата девојка беше позитивна. Тоа беше откако се вративме во Париз од одмор во Шпанија. Прво бевме негативни, но кога мојата девојка доби симптоми, се тестиравме и резултатите беа позитивни “, истакна Кавани.