ФУДБАЛ

Кавани се поблизу до Атлетико Мадрид

Единсон Кавани (32) има договор до летото 2020 година со парижаните, нема да го обнови својот договор затоа што има други планови за неговата иднина. Од јануари тој може да потпише преддоговор со кој било клуб во светот, и да се официјализира сè во јуни.

Клубот кој најчесто се спомнува е Атлетико Мадрид. Се шпекулира дека постигнале договор со напаѓачот, но работат на обезбедување на неговите услуги во јануари. Набавката на Караван ќе му овозможи на Атлетико да го чека целосното закрепнување на Диего Коста, кој веќе неколку месеци е надвор од терените.

Диего Симеоне има голема почит кон Кавани, и го бара од порано. Тој смета дека е вистинскиот човек да му обезбеди одреден број на голови на својот тим.

Дали Уругваецот ќе го облече дресот на Атлетико е несомнено, прашање е дали може да се случи тоа во јануари. ПСЖ сигурно ќе бара одредена сума пари за него, но би заштедил неколку месеци плат, што е вкупна бројка што треба да се разгледа.