Ново реконструираниот Милан доби парична казна од УЕФА, заради несредените сметки и прекршениот финансискиот фер-плеј.
Иако се спомнуваше и исклучувања од Европа или забрана за купување на фудбалери сепак седумкратниот европски првак е казнет само со парична казна.
Имено, поради долгот од 300 милиони евра, Милан треба да плати 20 милиони евра, од кои 5 ќе плати веднаш, а останатите 15 милиони евра се условна казна и ќе се активираат при следниот пропуст.
До следниот октомври кинеските сопственици мора да го платат долгот од 300 милиони евра, за да не добијат нови санкции.