Неколку навивачи на шпанскиот прволигаш Ваљадолид очекуваат да бидат казнети за расистички навреди, соопшти шпанската Комисија за борба против насилството.
Повеќе од десет лица беа под истрага за расна навреда на бразилскиот фудбалер со темна кожа Винисиус Јуниор на натпреварот помеѓу Ваљадолид и Реал Мадрид.
Полицијата се уште прибира дополнителни информации за инцидентот. Засега се појавија снимки на кои се слушаат расистички навреди, за кои на навивачите им се заканува казна од најмалку четири илјади евра и едногодишна забрана за пристап до фудбалските стадиони.
Винисиус неодамна исто така беше цел на безумни напади. Навивачите на Атлетико Мадрид, во пресрет на градското дерби во Копа дел Реј, на еден мадридски мост закачија кукла облечена во дрес на Реал Мадрид со името на бразилскиот напаѓач.
