ФУДБАЛ

„Ќе дојдам со велосипед во Барселона да го земам, да го ставам на задното седиште и да го донесам во нашиот клуб“.

Барселона ова лето сака да се ослободи од сите играчи кои немаа некоја забележителна минутажа минатата сезона.

На почетокот на летниот преоден рок, каталонскиот клуб најпрвин сака да направи простор за нови засилувања, и да се обиде конечно да се ослободи од играчите кои Чави Ернандез веќе ги отпиша.

На списокот на отпишаните е и младиот играч за врска Рики Пуиг, кој не играше минатата сезона, но очигледно не му пречи премногу. Тој претходно одбиваше да оди на позајмица бидејќи верува дека може да му се наметне на Чави, но се чини дека сега тоа е невозможна мисија.

Чави веќе разговарал со играчи на кои нема да смета во новата сезона и ги советувал да бараат нов клуб, а разговарал и со Пуиг кој му препорачал дека е најдобро да се оди на позајмица за да има можност да се развива како играч и да игра редовно.

Пуиг го сакаат неколку клубови од Ла Лига во своите редови, а младиот играч за врска треба да донесе одлука на почетокот на следниот месец. Голем интерес беше и нисколигашот Андора, кој е во сопственост на Пике.

Овој клуб го предводи Едер Сарабија кој му беше асистент на Кике Сетиен во Барселона и рече дека би бил исклучително среќен доколку неговиот тим добие играч како Пуиг, но знае дека тоа е речиси невозможно да се направи.

„Ако Рики Пуиг сака да ужива во фудбалот, тогаш ќе одам со велосипед до Барселона за да го земам, ќе го ставам на задното седиште и ќе го донесам во Андора. Тој е навистина фантастичен играч и се уверив во тоа додека бев во Барселона, знајте дека е невозможно да дојде во нашиот клуб, но сигурен сум дека ќе покаже за каков талент се работи. Важно е да го избере вистинскиот клуб за тоа“, изјави Сарабија.

ПОВРЗАНО

Ла Лига