Минатото лето Луис Суарез премина од Барселона во Атлетико Мадрид.
Искусниот Уругваец беше отпишан по доаѓањето на Роналдо Куман на клупата и на крајот беше испратен во редовите на големиот ривал.
Интересно интервју даде Суарез за списанието АС. Тој зборуваше за средбата со Барселона и изговори неколку интересни реченици.
Погодок од почит кон поранешниот клуб не би славел, но би „гризнал“ за Атлетико.
“Не би славел погодок од почит кон моите поранешни соиграчи и клубот што ми даде сè. Ќе биде посебно чувство да играм против пријател, но ќе го бранам дресот на Атлетико до смрт како и во претходните тимови. Уживам тука и со нетрпение очекувам да имам можност да покажам каков играч сум и дека сè уште сум од светска класа “, рече Суарез.
Суарез оваа сезона одигра осум натпревари за Атлетико и постигна четири погодоци.