ФУДБАЛ

„Ќе им кажувам на децата и внуците дека имав можност да му асистирам на Роналдо“

Кристијано Роналдо служи како инспирација за многу фудбалери и млади луѓе ширум светот, а неговата етика на работата е неверојатна, според неговиот сонародник Бернардо Силва.

Роналдо важи за еден од најважните, најнапорни и најдисциплинирани фудбалери во светот, а покрај сето тоа – тој е исклучителен талент, тој исто така има огромна фудбалска интелигенција и заради сето тоа се смета за еден од најголемите во историјата.

На возраст кога повеќето играчи почнуваат да размислуваат за крајот на кариерата, 35-годишниот играч сепак игра неверојатно и е првото име на Јувентус.

„Ќе биде нешто посебно и уникатно кога ќе им кажувам на моите деца и внуци дека му асистирав на Роналдо на теренот. Тој е пример на теренот и надвор од него“, рече Силва.

„Во големите моменти, кога најмногу ви треба, тој е секогаш тука“, додава Силва.