Рома и Интер вечерва играат на олимпиското дерби во 16. коло во италијанската Серија А.
Во центарот на вниманието ќе биде, Един Џеко, кој вечерва за прв пат се враќа на Олимпико откако летово ја напушти Рома и потпиша за Интер.
Џеко шест сезони играше за Рома, но на крајот од минатата сезона реши да го напушти клубот и заминувањето во Интер се покажа како одличен потег.
Вечерва се очекува Олимпико да биде преполно, а легендарниот Франческо Тоти ја искористи можноста да го проследи ова дерби.
Тоти пристигна на Олимпико пред почетокот на мечот, а јасно е дека ќе добие овации кога ќе се појави на трибините.
Bentornato allo Stadio Olimpico, Francesco @Totti! 💛❤️
#ASRoma #RomaInter pic.twitter.com/2PorZiGuBM
— AS Roma (@OfficialASRoma) December 4, 2021
Тоти целата играчка кариера ја помина во Рома, а неколку месеци беше и технички директор, но го напушти клубот поради несогласувања со челниците на клубот.
Извесен период не беше на Олимпико, но вечерва ја искористи можноста да дојде и да му даде поддршка на Вучиќ во мечот против актуелниот италијански шампион.