Вардар попладнево му гостува на Кјелце во рамките на 8.коло од Лигата на шампионите. Пред една недела овие две екипи одиграа без победник 28:28 во салата „Јане Сандански“. Поради квалитетот на двете екипи, ЕХФ одлучи токму овој натпревар да биде дерби на колото.
Се прават споредби, се прават анализи, кои покажуваат дека фаворитската улога е на Кјелце.

„Слабоста“ на Вардар пред се доаѓа поради повредените ракометари. Криштопанс не отпавува во Полска, а повредени се Горбок, Толедо, Дисингер.
На последниот меч тренерот Кокшаров направи доста експерименти со позициите на ракометарите, па крилата играа како бекови, а на моменти и како пикери.
Дали во една ваква ситуација Вардар ќе успее да направи резултат против Кјелце, ќе дознаеме нешто по 18:00 часот, за кога е закажан овој натпревар.