ФУДБАЛ

Ќе оди ли Столе Димитриевски кај Жозе Мурињо?!

Италијанскиот новинар Матео Морето тврди дека македонскиот голман Столе Димитриевски е на радарот на турскиот тим Фенербахче. Наводно Жозе Мурињо во него гледа замена за Ливаковиќ, кој веќе неколку сезони е неприкосновена „единица“ на турскиот гигант. Како што е познато, во Валенсија нашиот голман нема иднина, односно нема да биде прв избор, па можеби Фенербахче е добра опција. Освен Фенер, за Димитриевски наводно е заинтересирана и Џенова.

ПОВРЗАНО

Столе Димитриевски