Германецот Сами Кедир денеска потпиша нов договор со Јувентус.
Кедира ја продолжи соработката со италијанскиот шампион до 2021 година, со што стави точка на шпекулациите дека ќе го напушти Торино на крајот од сезоната.
Играчот од средниот ред пристигна во Јувентус пред три години и со овој клуб освои три Скудета, три Купа и еден Супер Куп. Тој одигра 113 натпревари за Јуве и запиша 86 победи.
Кедира за Јувентус, постигна 20 голови со 13 асистенции и долго време е една од играчи за врски во средниот ред.
Сами Кедира (31) во Јувентус пристигна на 1 јули 2015 од Реал Мадрид и тоа како слободен играч, претходно настапуваше за Штутгарт. Тој е стандарден член на германската репрезентација за која играл 77 натпревари од 2009 година.