ФУДБАЛ

Кеита открива што го мотивира тимот на Ливерпул

Наби Кеита откри што е тоа што го задржува тимот на Ливерпул мотивиран, во овој совршен настап.

Кеита со Ливерпул новата сезона во Премиер лигата ја започна неверојатно, регистрирајќи само едно реми на „Олд Трафорд“.

Потегот без загуба се чини дека е она што го мотивира составот на Јирген Клоп да продолжи на патот кон шампионската титула оваа сезона.

„Секогаш мора да имате фокус. Тоа е фокусот што носи желбата – а таа желба е она што ни помага да ги постигнеме нашите цели“, рече Кеита.

„Тоа е она што нè мотивира, ја зголемува довербата во нас и нè прави да се подобриме“, додаде играчот од средниот ред.

Ливерпул моментално гостува кај Астон Вила, а резултатот е 1-0.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига