По Нејмар, Тијаго Силва и Единсон Кавани, кои го напуштија Париз поради коронавирусот и се вратија во татковината, истото го стори и Кејлор Навас.
Поранешниот голман на Реал Мадрид сфати дека ситуацијата во Париз е надвор од контрола и попаметно би било да се врати во Костарика, па дал се од себе за да ја напушти Европа.
„ЕСПН“ известува дека 33-годишниот го напуштил Париз со приватен авион на 27 март и полетал во Костарика, а тоа го чинело околу 220.000 долари.
Навас, во согласност со правилата, ќе мора да остане во изолација 14 дена во Костарика, а истот го чека и по враќањето во Франција.
Дотогаш, Навас ќе летува во Костарика со семејството и во нешто побезбедна околина.