Најдобриот стрелец во Премиер лигата, играчот на Тотенхем Хари Кејн најверојтано ќе го пропушти дуелот на својот тим против Свонси, што се игра на 2 јануари.
Кејн не присуствувал на тренингот на тимот поради болест.
Тој е дома и беше посетен од нашиот доктор и не знам дали ќе игра против Свонси, изјави менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино.
Кејн на последните два натпревара од Премиер лигата против Барнли и Саутемптон постигна два хет-трика (шест голови).
Тотенхем на 2 јануари игра против Свонси, а на 4 јануари е дуелот против Вест Хем.