ФУДБАЛ

Кејн на лето го напушта Тотенхем ?

Англискиот напаѓач сака да се пресели во клуб каде би можел да освои важни трофеи.

Хари Кејн би можел ова лето да го напушти Тотенхем.

Англискиот напаѓач сака да игра во клуб каде би можел да освои трофеи.

27-годишникот не освои значајни трофеи цели 11 години во професионална кариера како сениор.

Според британскиот медиуми „Телеграф“, Тотенхем го проценува на 170 милиони евра.

Во минатото се шпекулираше дека интерес за Кејн го покажал Реал Мадрид.