Хери Кејн се чувствува одлично и е подготвен за следоте натпревари кога сезоната ќе биде рестарртирана. Тој претрпе повреда на првиот ден од новата година и ги пропушти сите натпревари на „спарси“ до средината на март, кога Светската здравствена организација прогласи пандемија и практично ги прекина сите фудбалски првенства.
„Се чувствувам добро. Бев скоро целосно опоравен пред почетокот на изолацијата, иако не ме гледате како тренирам со моите соиграчи. На почетокот тоа го правев онлајн на Интернет со целата група, а сега можам да правам вистински тренинг со член на тренерскиот персонал. Убаво е да се биде надвор и повторно да ја допрам топката. Ќе бидам подготвен да играм, без разлика кога ќе ја продолжат сезоната. Без разлика дали е за еден или два месеци, не е важно“, изјави Кејн во интервју за „Скај Спортс“.