ФУДБАЛ

Кејн: Возбуден за првиот „зимски распуст“

На Хари Кејн му оди одлично откако летово дојде во Баерн од Тотенхем, а наскоро ќе замине на заслужен одмор, поради што е многу возбуден.

До пред само неколку месеци, напаѓачот целата своја кариера ја играше во Англија, каде традиционално се игра фудбал на Боксинг деј и каде што нема зимска пауза.

Бидејќи во Германија ситуацијата е поинаква, на првенството има зимска пауза од околу 20 дена, играчите добиваат 10-дневен одмор, кој повеќето го користат за да патуваат на некои егзотични места и со тоа да се одморат до крајот на сезоната.

Ова ќе го искористи и Кејн и првпат ќе замине на „зимски распуст“ за што не го крие ентузијазмот.

„Едвај чекам, не беше лесно да го поминам поголемиот дел од времето без моите деца и сопругата. „Ќе им испратам порака на пријателите и другарите на Boxing Day со слика од плажата“, рече Хари Кејн.