ФУДБАЛ

Кејн за историја!

Тотенхем е сериозен кандидат за самиот врв на Премиер лигата.

„Петлите“ денеска гостуваа во Нотингем Форест и без поголеми проблеми ја прославија победата. Конечниот резултат гласеше 0:2.

Херој на денот беше Хари Кејн, кој со два гола стигна до третата позиција на најдобри стрелци во историјата на англискиот шампионат.

Одличниот напаѓач го постигна првиот гол во 5. минута на асистенција на Дејан Кулушевски. Со тој резултат заминавме на одмор.

Кејн промаши пенал на стартот од вториот дел. Поточно, Дин Хендерсон одлично одбрани на неговиот удар. Тоа беше втор одбранет пенал за младиот голман сезонава.

Сепак, тоа не ги трогна шумарите бидејќи петлите продолжија да играат подобро, а прашањето на победникот го решија во 81. минута.

Со прекрасната асистенција на Ричарлисон, Кејн со глава ја упати топката во мрежата со надворешната страна на ногата.

Тоа беше вкупно 187. гол за капитенот на Тотенхем, колку што има и Енди Кол на третото место. Лидер со 260 гола е Алан Ширер.

Инаку, Тотенхем денеска стигна до 10-от бод, што е одличен старт за тимот од Лондон и сигурно ќе има важна улога во борбата за водечките позиции оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига