Голманот на фудбалскиот клуб Челзи, Кепа Аризабалага денеска изјави дека се надева дека ќе остане во тој шпански клуб и по завршувањето на едногодишната позајмица во Реал Мадрид.
„Дали ќе останам овде по заемот? Се надевам. Денеска е првиот ден. Ќе видиме. Се надевам дека со мојот настап ќе успеам да го постигнам тоа“, изјави Аризабалага, а пренесува Би-би-си.
Шпанскиот репрезентативец во понеделникот му се приклучи на клубот од Мадрид на едногодишна позајмица од Челзи.
„Многу сум горд што сум во Реал Мадрид. Ќе дадам се од себе во однос на работата, посветеноста и напорот и на тренинзите и на натпреварите“, додаде Аризабалага.
Првиот голман на Реал, Тибо Куртоа се здоби со тешка повреда на коленото и како негова замена во Мадрид пристигна Аризабалага.
28-годишниот играч има 163 настапи за Челзи и се приклучи на лондонскиот тим од Атлетик Билбао за 71 милион фунти, што останува најскапата цифра платена за голман.
