ФУДБАЛ

Киелини го избира својот најсилен противник: „Влезе во моето срце“

Џорџо Киелини веќе влезе во крајот на својата кариера, сепак тој успева да игра на врвно ниво и оправдано е меѓу најдобрите стопери во светот.

Киелини во текот на својата долга кариера играше со голем број врвни играчи, а во интервју за „Кориере дела  Спорт“ го избра својот најсилен противник. Искусниот 35-годишник се одлучи за Златан Ибрахимовиќ.

„Кристијано постигна голем број голови за мене, но оној што ми влезе во срцето е Ибра. Да прифати „еден на еден“ значи да се добие почит“.

“Никогаш не се повлеков. После секој натпревар со нив, излегов уште посилен и имав поголема самодоверба. Навистина се восхитувам на него”, изјави капитенот на Јувентус.

Киелини и Ибрахимовиќ треба да се сретнат повторно на 7 јули, во натпреварот во Серија А. Овие две екипи ќе играат и во Купот на Италија во петок, но Швеѓанецот нема да игра на тој дуел.

ПОВРЗАНО

Серија А