ФУДБАЛ

Киеза ги „нападна“ медиумите по победата над Челзи

Во едно од дербиата на 2.коло во Лигата на шампионите, Јувентус на домашен терен го совлада актуелниот европски првак Челзи со минимални 1:0.

По неубедливите игри во Серија А, Јувентус конечно одигра натпревар во согласност со репутацијата, а одлична игра пружи Федерико Киеза.

Овој фудбалер го постигна единствениот гол на натпреварот, а по натпреварот се осврна и на медиумските извештаи за лошите односи помеѓу него и тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри.

Тој, меѓу другото, им посочи на медиумите дека тие никогаш немале никакви проблеми и дека тоа се медиумски шпекулации.

“Никогаш не сум имал проблем со тренерот, се работи за медиумски шпекулации. Правам се што ќе побара од мене и навистина нема проблеми”, изјави офанзивниот играч на Старата дама.

Киеза е свесен дека лошите игри на Јувентус им „одговараат“ на медиумите.

„Знам дека вие новинарите сакате кога Јувентус игра лошо и во тие моменти правите бесмислени озборувања, но сите ние го поддржуваме тренерот и сакаме Јувентус да ја врати доминацијата во италијанскиот фудбал“, заклучи Киеза.

Да потсетиме, за разлика од Серија А каде не му оди добро, Јувентус во Лигата на шампионите по две кола ја држи лидерската позиција во групата Х со шест бода. Челзи и Зенит имаат по три, додека Малме е без бодови.

 

ПОВРЗАНО

Серија А