ФУДБАЛ

Килијан Мбапе ги разочара навивачите на Реал Мадрид: „Никогаш нема да го сторам тоа во кариерата“

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот од оваа сезона.

Мбапе во неколку наврати ја отфрли можноста да го продолжи договорот со ПСЖ и јасно им стави до знаење на клупските челници дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната бидејќи сака нов предизвик во кариерата.

Францускиот напаѓач ќе го напушти ПСЖ без обештетување бидејќи договорот му истекува на крајот на јуни, а пред десетина дена многу шпански медиуми објавија дека тој сигурно кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Угледната Марка објави дека Мбапе и Реал Мадрид веќе постигнале договор и дека истиот ќе биде официјализиран по осминафиналето во Лигата на шампионите каде моментално се среќаваат Реал и ПСЖ.

Пред овој дуел, Мбапе реши да се огласи, демантирајќи ги наводите дека веќе ги договорил условите со друг клуб и рече дека е целосно фокусиран само на ПСЖ.

„Не, сè уште не сум донел одлука за мојата иднина. Дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите може да промени многу. Иако во моментов сум слободен да го правам тоа што сакам и да најдам нов клуб, сепак Не го сакам тоа. Никогаш во кариерата нема да му го направам тоа на клубот за кој играм и да потпишам за друг клуб додека сум нивен играч“, изјави Мбапе, додавајќи.

„Сега сум фокусиран само на освојување на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, па дури потоа ќе видиме што ќе се случи“.

ПСЖ и Реал Мадрид првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите ќе го одиграат на 15 февруари на „Паркот на принцовите“, додека реваншот е закажан за 9 март на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.