ФУДБАЛ

Килијан Мбапе избра!

Килијан Мбапе конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

По големата сага, одличниот напаѓач реши да ја прифати понудата на ПСЖ за продолжување на соработката, а својата одлука официјално ќе ја соопшти по вечерашниот меч со Мец.

 

Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио, но и бројни француски медиуми, тврдат дека во Париз се подготвува забава по повод продолжувањето на договорот на Мбапе, а таа ќе трае до доцна во ноќта.

 

Така конечно ќе дојде крајот на сагата околу трансферот на францускиот фудбалер, а Мбапе го избра ПСЖ пред понудата на Реал Мадрид.

 

Мбапе е член на ПСЖ од 2017 година и има постигнато 168 гола на 216 натпревари за клубот.