Килијан Мбапе е седмиот играч на ПСЖ кој е позитивен на коронавирус.
Тој беше тестиран со репрезентацијата на Франција пред мечот со Хрватска, а неговиот тест беше позитивен.
По Нејмар, Икарди, Ди Марија, Паредес, Навас и Маркињос, Мбапе е седмиот фудбалер на ПСЖ кој е позитивен на Коронавирус.
Според француските медиуми, тој нема никакви симптоми, но ќе мора да биде во задолжителна изолација 14 дена, па собирот во националниот тим заврши за него.