ФУДБАЛ

Килијан Мбапе требаше да потпише за Барселона, но претседателот на клубот тогаш направи голема грешка

Шпанскиот весник АС денеска објави дека Барселона ќе се обиде да го доведе Килијан Мбапе во своите редови.

Наводно, каталонскиот гигант ќе се обиде да го доведе Мбапе во летниот преоден рок каде нема да има потреба да му плати никакво обештетување на ПСЖ, бидејќи одличниот напаѓач е слободен играч.

Сепак, лесно можеше да се случи Мбапе да стане член на Барса уште во 2017 година, но тогашниот претседател Жозеп Бартомеу се одлучи за друг играч.

По заминувањето на Нејмар, како замена дојде Усман Дембеле од Борусија. Беше платен 145 милиони евра, но во овие четири години Французинот не покажа речиси ништо поради повреди.

Барселона се откажа од Мбапе поради Дембеле, иако имаше трансфер договор со Монако вреден 120 милиони евра, плус 30 милиони евра бонус.

Наместо Камп Ноу, Мбапе на крајот заврши во дресот на ПСЖ, каде стана еден од најдобрите фудбалери во светот.