Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих верува дека неговиот тим ќе се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Баерн има гол заостанувает по поразот од 3:2 во Минхен, но во Париз ќе се обиде да ја анулира таа разлика и сепак да дојде меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.
“Убеден сум дека ќе одиме понатаму, бидејќи сме подобар тим. Бевме подобри во првиот натпревар, но за жал резултатот не го покажува тоа. Сепак, верувам дека ќе го свртиме резултатот на реваншот”, 26-годишниот Кимич изјави за официјалната веб-страница на Баварците.
“Многу ќе зависи од нашиот менталитет, но исто така и од ефикасноста. Покажавме добар менталитет и на првиот натпревар, но и овој пат мора да бидеме ефикасни”, додаде Кимич.
Баерн е, барем според обложувалниците, фаворит иако игра со истиот ривал од кој неодамна загуби на домашен терен.
Баерн беше во слична позиција во 2018 година кога загуби на домашен терен во полуфиналето од Реал Мадрид со 2:1, но беше елиминиран по 2:2 на реваншот.