ФУДБАЛ

Кинеската влада го „стега обрачот“, големи фудбалски имиња планираат враќање во Европа

Кинеската влада одлучи да донесе закон со кој ќе ги ограничи плаќата на фудбалерите. Познато е дека во изминатите неколку години, големи имиња се одлучувале да ја напуштат Европа и да заминат во оваа земја поради големите плати кои ги добивале.

Од јануари следната година, клубовите нема да можат да плаќаат повеќе од 42 илјади фунти неделно, што на пример е една десетина од примањата на Бразилецот Оскар. Тој е најплатениот фудбалер во кинеската лига со 400 илјади фунти неделно носејќи го дресот на Шангај.

Поради тоа можно е негово враќање во Европа. Освен Оскар, се спомнуваат и имињата како Марко Арнаутовиќ, но и Хулк, но и Маруан Фелани, за кого Мурињо покажа интерес.

Оскар во Кина заработува 400 илјади фунти неделно, Хулк 320, Арнаутовиќ 280 илјади, додека Фелаини 235.