Искусниот кубански боксер Луис Ортиз синоќа на Флорида го нокаутира Чарлс Мартин во шестата рунда.
Во една интересна пресметка во тешка категорија, Кинг Конг го заврши Мартин во шестата рунда со неколку тешки удари и стана предизвикувач на ИБФ за светската титула.
Мартин феноменално влезе во натпреварот. Два пати го соборуваше Ортиз, но 42-годишниот Кубанец успеа да се спаси и на крајот да ја прослави победата со технички нокаут.
По тепачката, речиси дошло до нова физичка пресметка меѓу двајцата борци. Мартин фрли нешто кон Кубанецот, кој потоа го оттурна.
Спречена беше поголема пресметка, па Ортиз мирно можеше да ја прослави победата, 33-та во неговата богата кариера.
https://youtu.be/td25MHDQRy4
Има 33-2 (двата порази од Деонтеј Вајлдер) и има два неважечки меча.
https://twitter.com/FTB_Vids_YT/status/1477504159154794499
Поранешниот шампион на ИБФ во тешка категорија, Чарлс Мартин, пак, го претрпе третиот пораз во кариерата (28-3-1) и ќе мора да почека некоја нова шанса да атакува на титулата.