Македонскиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров повторно доминира за најдобар десен бек во светот за 2017 година во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен веб медиум „Planet-Handball”.
Негови конкуренти се: Алекс Душебаев, Недим Ремили и Ласло Наџи.
Кире во годината која што изминува беше најдобар срелец на Светското првенство во Франција во јануари годинава.
Десниот бек ја освои ASOBAL лигата, Купот на Кралот, ASOBAL Купот и ASOBAL Суперкупот, а со Барселона играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите, за подоцна да го освои четвртото место.
Ова лето, најдобриот десен бек во светот, реализира трансфер во Нант и веднаш го освои првиот трофеј, Суперкупот на Франција (Трофеј на шампионите), откако во финалето го совлада ПСЖ.