Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски ќе ја продолжи својата кариера во Ујпешт. Со тоа тој се реши да остане во Унгарија, откако во минатото го носеше дресот на Вашаш.
Меѓутоа по испаѓањето на тимот во Втората лига, јасно беше дека дефанзивецот ќе има нов клуб. Во Ујпешт во минатото играа неколкумина македонски играчи меѓу кои најпознатиот Енис Барди кој сега настапува за Леванте, потоа таму играа и Виктор Ангелов и Ремзифаик Селмани кои сега се дел од Шкупи, односно Шкендија.
Извор: ТВ21