Кјаер изјави дека неговиот сон се оствари, откако го направи своето деби со Милан, клуб што го нарече „со голема историја“.
Симон Кјаер стартуваше во победата од 3:0 над СПАЛ во Купот на Италија каде Данецот придонесе да го задржи Милан недопрен за третиот последователен натпревар во 2020 година.
Тој рече дека е многу среќен за своето деби „во фантастична атмосфера“ на „Сан Сиро“.
„Отсекогаш сонував да играм за Милан. Многу сум среќен што сум тука, Милан е одличен клуб“, рече тој на прес-конференцијата во четвртокот.
„Ја чуствувам историјата на Милан. Задоволство ми е што сум тука, навистина сум среќен. Сонот се оствари за мене“, рече Кјаер.
Покрај Кјаер, Милан го стекна и голманот Асмир Беговиќ по заминувањето на Пепе Реина оваа сезона.