Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, зборуваше по враќањето на теренот во интервју за „Скај Спорт“. Тој раскажува за страдањата што ги помина минатата сезона додека беше повреден.
„Беше тешка година и лично се надевам дека завршив со повредите. Она што се надевам за новата сезона е да бидам подготвен да му помогнам на мојот тим и да не се повредам. Ќе биде тежок и чуден шампионат, бидејќи сè уште има последици од карантинот од пред неколку месеци“.
„Како и да е, ние сме во одлична форма и едвај чекаме да го започнеме шампионатот. Суарез? „Пирло кажа сè, така што немам што да додадам“, заклучи Кјелини.