Дефанзивецот Матијас де Лихт изјави дека не жали зошто го избрал Јувентус да ја продолжи кариера по своето деби во Ајакс. Ова е директен одговор за Патрик Клајверт, кој пред два дена посочи дека 21-годишниот фудбалер требало да ја избере Барселона. Директорот на академијата на Барселона, Клајверт изјави дека му е жал што дефанзивецот се пресели во Јувентус, наведувајќи дека ќе се кае за неговата одлука.
„Не ми е жал за фактот што се преселив во Јувентус“, изјави Де Лихт за „Војтбал премиер“. „ Има многу работи што се кажани и напишани, но тоа е само претпоставка“.
Јувентус следниот натпревар ќе го игра против Аталанта во сабота. „Бјанконерите“ оваа сезона ќе се обидат да останат непоразени во Серија А.