ФУДБАЛ

Клоп: Дали Салах беше среќен? Се разбира, не

Мохамед Салах во претходните седум натпревари од новата сезона во Премиер лигата, успеа три пати да ја затреси мрежата на противникот.

Тоа е нешто послаб старт на сезоната за играч кој минатата сезона го сруши рекордот на постигнати голови во ПЛ, а оваа сабота Јирген Клоп го изведи од игра во 66 минута во дербито против Челзи.

Египќанецот се мачеше против плавите, во натпревар во кој Стариџ донесе бод (1:1) на Ливерпул по влезот од клупата.

“Се разбира дека не е. Како би бил? Се разбира дека не е среќен. Но тоа е нормална ситуација, поради тоа имамте тренери”, рече Клоп, но истакна дека не е загрижен за нешто “спорно” за стартот на сезоната на Мохамед Салах: “Се додека работи напорно, се е во ред, што се однесува до мене.”

ПОВРЗАНО

Премиер Лига