ФУДБАЛ

Клоп е против негово заминување, но Јувентус силно го посакува

Ливерпул ова лето заврши многу добро бидејќи во својот тим го донесе Нуњез, кој веднаш стана прв избор во нападот на овој тим.

На самиот старт од сезоната Роберто Фирмино донекаде падна во втор план, но трпеливо ја чекаше својата шанса.

Тоа го доби на некои натпревари, особено откако Нуњез доби директен црвен картон и три натпревари суспензија, а Јота се повреди.

 

Фирмино постигнуваше голови и асистенции на тие натпревари и покажа дека е донекаде неправедно Клоп да го испрати на клупата.

Сепак, со добрите настапи тој повторно го сврте вниманието на клубовите кон себе, а прашање е дали Ливерпул ќе го задржи и во следниот преоден рок.

Имено, Клоп го гледа како совршен џокер, но Фирмино не сака да биде тоа и веќе започнал преговори со неколку клубови.

 

Еден тим е најблиску до негов трансфер, а тоа е Јувентус кој би можел да го доведе во јануари или на крајот од сезоната.

Имено, Фирмино има уште дванаесет месеци од договорот со Ливерпул, па веќе во јануари би можел да се согласи да си замине на крајот на сезоната како слободен играч.

Во тој случај, Клоп би останал само со Нуњез и Јота, а идејата за заминување на Фирмино воопшто не му се допаѓа и е подготвен да му понуди нов договор.

Останува да се види дали Фирмино ќе ја прифати официјалната понуда од Јувентус, кога таа ќе пристигне, но сигурно е дека контактите постојат.