ФУДБАЛ

Клоп ги урна соништата на навивачите на Јувентус

Вчера беше објавено дека трансферот на Фирмино во Јувентус е завршена работа, но се чини дека тоа е далеку од вистината.

 

Гласините стигнаа и до ушите на Јирген Клоп, од кого беше побарано да ја разјасни иднината на Фирмино на „Енфилд“.

 

Менаџерот на Ливерпул потврди дека напаѓачот ќе остане со својот тим оваа сезона и избра да го пофали за неговиот придонес во последните години.

„Тој е клучен за нас, тој е срцето и душата на овој тим. Начинот на кој игравме во последните години беше возможен благодарение на него.

 

Затоа сум многу среќен што може да тренира со нас во претсезоната. Сè изгледа многу добро и немам апсолутно никакви проблеми со Фирмино.

 

За мене нема сомнеж за неговиот квалитет. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите оваа година, но да, тој е клучен играч за нас“, изјави Клоп за официјалниот сајт на Ливерпул.

 

Прашање е колку Фирмино ќе добие шанса да игра во конкуренција на Дарвин Нуњез кој пристигна од Бенфика.