Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали настапот на резервниот голман Каомин Келлехер по победата над Лестер во четвртфиналето на Лига купот во Англија. Ливерпул не победи лесно.
„Мерсисајдерите“ заостанаа 1:3, но во регуларното време стигнаа до реми, а во пенал рулетот успеаја да надвладеат над противникот, а Келахер рефлектираше два од ударите.
„Ова не е првпат да кажам дека тој е многу талентиран, дури и исклучителен голман. Ја разбира играта и е добар со нозете. Ова не е првпат да учествува на вакви спектакуларни натпревари. Слична ситуација беше и против Арсенал, ни ги спаси животите во голема мера“, коментира Клоп.