Откако сите го одбија Ливерпул, на списокот што Клоп го подготви да го доведе играчот за врска остана само Артур Мело.
Артур дојде на едногодишна позајмица, но големо прашање е дали ќе остане во Ливерпул до крајот на сезоната.
Имено, во Ливерпул веќе размислуваат да ја раскинат позајмицата во јануари, и да доведат нов играч за врска во клубот.
Фудбалерот кој дојде да го засили средниот ред на Ливерпул, на кој му недостигаа неколку играчи поради повреди, веќе е на излезната врата.
Иако во договорот има опција за откуп на крајот од сезоната, Ливерпул сериозно размислува што поскоро да го врати во Јувентус.
Артур Мело од доаѓањето во клубот одигра само петнаесет минути и тоа во страшниот пораз од 4:1 на гостувањето кај Наполи.
Со оглед на тоа што играше многу слабо, но и дека на тренинзите не покажува што се бара од него, тренерите наводно му порачале на Клоп дека не ги исполнува нивните критериуми.
Како што стојат работите, Артур Мело во јануари повторно ќе замине во Торино, додека Ливерпул ќе бара нов играч за врска.
Кој ќе биде, останува да видиме, но извесно е дека Клоп ќе бара некој кој веднаш ќе може да скокне во стартниот тим.