Шкотскиот фудбалер и дефанзивец на Ливерпул, Енди Робертсон денеска беше опериран на десното рамо, објави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Робертсон се повреди на 13 октомври на натпреварот на шкотската репрезентација со Шпанија во квалификациите за Европското првенство.
„Тој (Робертсон) беше опериран и сè помина во најдобар ред, најдобро што може. Сега започнува опоравувањето“, изјави Клоп за новинарите, но не можеше да прецизира колку долго ќе биде далеку од теренот.
Робертсон на дуелот против Шпанија мораше да ја напушти играта по судир со голманот на шпанската репрезентација Унаи Симон.
