Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим нема да се вклучи во трката за доведување на Ерлинг Холанд од Борусија Дортмунд, бидејќи цената на младиот Норвежанец е превисока.
Холанѓанецот најверојатно на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија, се споменува излезна клаузула од 75 милиони евра, а први во низата се Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.
„Нема да се приближиме до тоа. Споменатите бројки се луди и не сакаме да имаме никаква врска со тоа. Нема шанси. Искрено, не го сакам тоа, не е забавно“, изјави Клоп за „Билд“.
Според германските медиуми, вкупниот трошок за доведување на 21-годишниот Холанѓанец на повеќегодишен договор би бил повеќе од 300 милиони евра, вклучувајќи ја неговата плата, провизијата на агентот и бројните бонуси.
Норвежанецот оваа сезона во Бундеслигата постигна 16 гола на 18 натпревари, а во Лигата на шампионите додаде три гола.