Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најде замена за повредениот Вирџил ван Дајк.
Холандскиот репрезентативец денес ги оперираше предните вкрстен лигамент и јасно е дека сезоната за него заврши, а Ливерпул мораше да бара ново решение на позицијата стопер.
Воопшто не е лесно да се најде замена за еден од најдобрите дефанзивци во светот, па Ливерпул мораше да издвои 100 милиони евра, а наводно изборот падна на Калиду Кулибали од Наполи.
Кулибали се поврзуваше со двата клуба од Манчестер, но и покрај силните гласини остана во Наполи. Откако Наполи ги одби понудите на другите великани за 29-годишниот фудбалер од околу 70 милиони евра, подготвени се да ја прифатат понудата што тимот од „Енфилд“ ќе го испрати во јануари.
Шефот на Наполи сака околу 100 милиони евра, а Ливерпул е свесен дека не е во ситуација да се ценка и да го чека летото, па ќе им плати на „наполитанците“ она што го бараат, а за возврат ќе добијат фантастичен стопер.
Замислете само кога ќе се врати Ван Дајк заедно со Кулибали, стојат пред Алисон Бекер…