Ниту голови, ниту победници во дуелот на две екипи од средината на табелата, но по ремито со Челзи во Ливерпул наоѓаат позитивни работи.
„Добро ги започнавме двете полувремиња, имавме добри периоди во играта, но не можевме да го задржиме тоа темпо“, изјави Клоп по натпреварот.
„Мораме да бидеме подготвени да направиме мали чекори, а ова е мал чекор. „Не примивме гол против Челзи, не создадовме многу шанси, но тие имаа неколку добри можности“, продолжи Германецот.
„Во вториот дел се браневме со страст и добра организација, но немавме длабочина во тие моменти. На крајот, сосема сум во ред со резултатот 0:0. Мора да ги прифатиме овие мали чекори напред, можеме да се надоврземе на тоа“, заклучи Клоп.
„Секако дека секогаш сакаме да победуваме на домашен терен, но свесни сме во каква ситуација се наоѓаме, не е лесно. Мора да се држиме заедно и да работиме напорно. Можеме да бидеме задоволни со непримање гол, а тоа ни треба како основа. Имавме и свои шанси за гол. Беше навистина тешко, пресметка на две екипи кои не го играат својот најдобар фудбал во моментов. Затоа треба да ги добивате таквите битки. Можеме да се надоврземе на фактот дека имавме добри периоди“, изјави Џејмс Милнер по натпреварот.
