Ливерпул и Реал Мадрид утре во Париз ќе го одиграат финалето на Лигата на шампионите и ќе стават точка на сезоната во европските натпреварувања.
Двата тима ги прават последните подготовки пред натпреварот, а прес-конференција денеска одржа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Тимот од Енфилд е подготвен за финалето и целта е јасна – реваншизам за поразот на Реал во 2018 година.
„Расположението е многу добро, многу добро. Многу сме возбудени“, започна Клоп и продолжи:
“Не знам како би се чувствувал доколку го освоиме трофејот. Прашајте ме после натпреварот утре. Сакаме да им дадеме вистинска борба, некои од нив можат да го земат петтиот трофеј, нивниот менаџер може да го земе четвртиот трофеј. Не може да се купи тоа искуство преку ноќ“.
Сите се сеќаваат на финалето во 2018 година. Заминувањето на Мо Салах по фаулот на Серхио Рамос (многумина тврдат намерно) и катастрофата на Лорис Кариус на голот. Клоп проговори за „одмаздата“ на Салах кон Реал и тврди дека никој не го заборавил тој натпревар од 2018 година.
„Го загубивме тој ден и тој рано се повреди. Сега е во многу добра форма и секој играч има различна мотивација. Тоа не му е единствената мотивација, но ние не сме ја заборавиле таа игра. Многумина забораваат дека Кариус имаше потрес на мозокот во тоа натпревар“.
https://youtu.be/Yb4zrXKA8Oo
На германскиот тренер му пречеше промената на теренот. Вчера беше засадена нова трева.
“Некој мислеше дека е добра идеја. Интересно е. Сепак, нема да ми го расипе расположението. Ќе играме на кој било терен. Реал ќе тренира по нас, истото ќе ви го каже и Карло Анчелоти. Не знам дали оваа одлука е добра или лоша, се надевам дека нема да пишувате како кукам за теренот“.
Менаџерот на Ливерпул нема одговор на прашањето кој е фаворит во играта.
„Не е лесно да се одговори. Немам точен одговор. Навистина не знам. Кога ќе ги погледнете враќањата што ги имаше Реал, би рекол дека се, но сакам да бидеме на исто ниво и да бидеме вистински на овој натпревар. Ние сме во добра форма“, рече Клоп.